Изградена првата фаза од локалниот пат Сушички мост-регионална депонија Русиново

0
227

Изградениот дел од локалниот пат Сушички мост – регионална депонија Русиново во општина Гостивар во рамки на првата фаза од проектот, беше пуштен во употреба. На настанот присустваа  министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалниците на Тетово и на Гостивар, Теута Арифи и Арбен Таравари и на директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи.

Министерот Милевски нагласи дека за првата фаза на рехабилитацијата на околу 2,5 километри од патот, издвоило 24, 5 милиони денари. Тој изрази надеж дека за следната година ќе се најдат доволно пари и за втората половина и негово целосно завршување, а за оваа година, како што нагласи, за проектите на полошкиот плански регион министерството издвоило уште 55 милиони денари.

Во рамки на решавање на прблемот со депонирањето на сметот, Милевски кажа дека се издвоени и дополнителни средства за изработка на проектна документација за изградба на алтернативен пат којшто ќе ја поврзува депонијата со магистралниот пат Гостивар-Кичево.

За изградбата на алтернативниот пат, градоначалникот нагласи дека во значителна мера ќе го сопре загадувањето на околината и градската средина, особено по рутата по која се движат камионите со комунален смет. Тој уште еднаш ја повика централната власт да најде решение за регионалните депонии или да ги врати ингеренциите за управување на локално ниво. Со тоа, како што рече, ќе се избегнат катастрофи како таа од пред еден месец кога два дена гореше ѓубриштето на депонијата.

Како што истакна градоначалничката на општина Тетово Теута Арфи, овој проект е резултат на соработката на девет општини и оти тоа е добро основа за натамошна соработка.