Меркел: Нема вистински обединета Европа без Западен Балкан

0
163

Нема обединување на Европа ако во сојузот не се земјите од Западен Балкан, децидна е германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа во својата изјава која ја даде на „паневропскиот пикник“, на кој во унгарското гратче Сопрон се одбележа 30 годишнината од падот на „Железната завеса“ уште еднаш ја повтори повтори силната посветеност на Берлин за проширување на ЕУ.

„Ало ги гледате работите геостратешки и во исто време ја погледнете картата, тогаш ќе видите дека вистински обединета Европа е онаа во која се и земјите од Западниот Балкан“, им изјавила Меркел на новинарите.

Шест земји од овој регион не се членки на Унијата. Србија и Црна Гора веќе неколку години водат преговари за членство. ЕУ во јуни им го одложи добивањето датум за преговори на С.Македонија и на Албанија најдоцна до октомври, во најголема мера поради противењето на Франција и на Холандија. имаат кандидатски статус и се обидуваат да добијат датум за преговори. Косово и Босна и Херцеговина се смеаат за потенцијални кандидати.