Надлежните немаат осомничени за пукањето во Мала Речица, затоа што куршумот уште бил во градите на синот на пратеникот Адеми

0
140

Тетовското обвинителство уште не утврдило од кое оружје било пукано на свадбата во Мала Речица на 31 јули на која беа ранети синот на пратеникот од ДУИ Џеват Адеми и негов братучед, зашто куршумот уште не бил изваден од градниот кош на потешко повредениот.

СДК.МК. пишува дека неофицијално уште не бил опериран потешко повредениот во градите. Треба да се извади куршумот и да се однесе на вештаачење.

Претходно од семејството рекоа дека Адеми не си го ранил синот како што се пишувало, туку се работело за заталкан куршум.