Коста Петров познат како автор на популарни книги за самопомош и Пи-ар експерт и Нина Ангеловска – директорка на „Групер“ – фирма за продавање на производи на интернет ќе бидат новите потпретседатели на СДСМ, дознава НОВА.
Нивниот избор се очекува да биде потврден вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата.
На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ велат изворите на НОВА се очекува Нина Ангеловска – директорката на „Групер“ да биде предложена и за нов министер за финансии. Таа ја прифатила понудената позиција.
Ангеловска е предложена за министер за финансии по укажувањето од Антикорупциската комисија дека премиерот Заев не може да биде и претседател на Влада и министер за финансии.
Освен Петров и Ангеловска за потпретседатели на СДСМ ќе бидат избрани и министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски и пратеникот Мухамед Зеќири. Тие ја извршуваа функцијата потпретседатели на СДСМ се до мај кога претседателот на СДСМ Заев побара оставки од сите претседатели на општинските организации и од сите потпретседатели.
Фросина Ременски чие име се поврзува со случајот „Рекет“ и која беше во високото раководство на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а која беше потпретседател на партијата, нема повторно да биде предложена за партиска функција.
И градоначалниците на Скопје и на Штип, Шилегов и Бочварски кои исто така беа потпретседатели нема да бидат повторно именувани.
По завршувањето на претседателксите избори и најавена чистка, Заев именуваше околу 40 нови претседатели на општинските организации, а беа избрани и 16 нови членови на Извршниот одбор.