Пукање во познат скопски ресторан – има ранети

Застрелан маж во угостителски објект во Скопје со повреди бил пренесен во болница. Како што информира МВР, вчера во 14:25 часот било пријавено дека во село Арнакија, скопско, на влезот пред угостителски објект, 21-годишниот Е.Ј. од село Буковиќ, скопско, пукал со пиштол во 35-годишниот Н.З. од село Бојане, скопско.

Според пријавата, до пукањето дошло по претходна расправија помеѓу 16-годишен малолетник и Џ.Ј. (21), и Е.Ј., двајцата од село Буковиќ. Н.З. се здобил со повреда при обид да ги смири. Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.