Трамп ќе го задржи Пенс за свој потпретседател во трката за втор мандат

0
110

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го задржи потпретседателот Мајк Пенс за свој кандидат, кога во ноември следната година ќе ја бара поддршката за реизбор на функцијата.

Многу сум задоволен од Пенс – изјави Трамп.

Актуелниот американски претседател се смета за апсолутен фаворит кој би требало без проблем да ја освои номинацијата на Републиканската партија за втор претседателски мандат.