Вардар е последен осминафиналист во фудбалскиот Куп на Македонија. Во одложениот меч од шеснаесетфиналето, „црвено-црните“ ја поразија Саса со 5:0. Два гола постигна Цветановски, по еден Аврамовски, Ибиши и Игњатов во убедливиот триумф над второлигашот од Македонска Каменица.
Пласман во осминафиналето претходно обезбедија и екипите Работнички, Шкендија, Силекс, Ренова, Борец, Шкупи, Струга Трим Лум, Пелистер, Охрид, Осогово, Тиквеш, Лабуништа, Брегалница како и Академија Пандев и Македонија Ѓорче Петров кои беа слободни во првото коло.