Царовска во Пробиштип: Исправивме голема неправда, ја намаливме старосната граница за пензионирање на рударите

0
54

Соопштение на СДСМ:

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вечерва присуствуваше на Свечена седница на Општина Пробиштип по повод Денот на Рударите -28 август.

Во обраќањето пред присутните Царовска истакна дека Владата предводена од СДСМ се грижи за сите граѓани и првите резултати од реформите се веќе видливи.

“Навистина се радувам што токму на овој ден на којшто рударите го слават својот труд можам да соопштам дека исправивме една голема неправда со измените на Законот за пензиско и инвалистко осигурување. Ветивме и реализиравме намалување на старосната граница за пензионирање на рударите коишто работат во подземен коп и досега во старосна пензија се заминати 51 рудар од кои 8 се во Пробиштип. Со законските измени коишто се на сила од крајот на минатата година рударите остваруваат право на старосна пензија со навршување на 40 години пензиски стаж за мажи, односно 35 години пензиски стаж за жени. Тоа значи дека ако претходно рудар се пензионира со навршени 58 години, со новото решение се пензионира на околу 50 години. Со овие законски измени се излегува во пресерет на долгогодишните барања на рударите“, рече Царовска.

Потпретседателката Царовска потенцираше дека изминатите две години посебно внимание беше посветено на решавање на проблемот со стечајните работници.

Со Законот за материјално обезбедување на невработени лица досега се опфатени приближно 11.000 стечајци кои до пензионирање секој месец земаат надомест од 8.254 денари.

„Во моментот работиме на законски измени со кои ги олеснуваме критериумите и ќе го зголемиме опфатот на невработени лица кои ќе имаат право на месчниот надометс до пензионирање. На овој начин ја намалуваме сиромаштијата кај граѓаните и им обезбедуваме достоинствено живеење“ рече Царовска.

Царовска истакна дека државата води грижа и за најмладите, со инвестирањето во изградба на нови градинки и проширувањето на постојните капацитети.

Изминатиот период инвестиравме во проширување на градинка со која обезбедивме дополнителен простор за 40 деца.

Пробиштип е една од 17 општини кои ќе користи средсва од Светска банка за проширување на капацитет на постоен објект. Со грантот за кој наскоро ќе потпишеме договор градот добива градинка со дополнителен простор за уште 80 деца.

Успешно ја спроведуваме и социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми во просек за 300%.

Само за три месеци од спроведувањето на реформата зголемена помош добиваат околу 27.000 домаќинства, а бројот на деца коишто користат детски додаток е зголемен за три пати и во моментот изнесува 20.230.

„Со социјалната реформа ја проширивме достапноста на детскиот и образованиот додаток за неколку категории семејства.Освен, примателите на социјална помош, сега овие два надоместоци може да ги користат и тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13. 800 денари и петчелените семејства со приходи до 15.000 денари. Со социјалната реформа обезбедивме поправедна распределба на додатоците наменети за децата, со што директно влијаеме на намалување на сиромаштијата,посебно на детската сиромаштија. На овој начин се овозможува еднаков старт воживотот за сите деца.Ги повикувам уште еднаш жителите на Пробиштип, но и сите останати граѓани кои се приматели на Гарантиран минимален приход или земаат минимална или плата за малку повисока од минималната да се пријават во центрите за социјални работи за да може да ги користат овие додатоци“, рече Царовска.