Soul Kitchen e непрофитна организација која ја води фондацијата на Бон Џови. Овде оброците немаат цена а плаќа оној што сака.
Оние кои сакаат можат да донираат и 20 долари, а оние кои немаат пари можат да јадат во ресторанот, а подоцна да волонтираат во кујната.
51% од оброците биле платени со донации, а останатите биле покриени со волонтерската работа на луѓето без пари. Поради ова, мотото на ресторанот е „Сите се добредојдени на нашата маса.“
Интересно е што овде не можете да резервирате маса. Гостите се сместуваат на заедничка маса каде што можат да јадат и со странци. Оние кои имаат најмногу потреба за храна се седнуваат први.
Ресторанот има мени од 3 оброци инспирирани од американска кујна, а менито се менува на секои 10 денови.
Постојат и вегетаријански и безглутенски оброци, а сите се приготвени со хранливи и органски состојки од градината на ресторанот.
Покрај рестораните, фондацијата има изградено и домови во Филаделфија за бездомниците, како и центар кој им помага на мајките тинејџерки и нивните деца.
Фондацијата е создадена од рок ѕвездата и неговата сопруга, а нивната мисија е јасна: Да се прекине циклусот на глад, сиромаштија и бездомништво со развивање на партнерства, создавање програми и давање грантови за да се поддржат иновативните организации.
Извор ЦрноБело