Голема акција – се апсат бизнисмени, политичари…

0
125

Во тек е голема полициска акција во која по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се вршат приведувања на голем број лица.

Засега не се споменуваат имиња, ама на списокот за приведување се и бизнисмени што дале пари во проектот „Рекет“ на Бојан Јовановски и на специјалната обвинителка, но тоа не го признале во претходните изјави кај обвинителката Русковска.

Се очекува конференцијата за печатот на Јавното обвинителство, на која ќе присуствуваат јавниот обвинител, Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска, и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.