Сватовите во полошко продолжуваат да се веселат на свадби со пиштоли и пушки, регистрирани два нови случаи

0
148

Продолжуваа пукањата со огнено оружје на сведбените церемонии во полошко. Вчера биле регистрана два вакви случаи.

Околу 15 часот, на свадбена свеченост организирана од 45-годишниот гостиварец А.С. на улица „137″ во Гостивар, бил нарушен јавениот ред и мир со пукање од огнено оружје. Бил извршен увид, а А.С. бил повикан во Полициска станица за целосно расчистување на случајот.

Вечерта пак, околу 23 часот и 25 минути, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, го привеле 49-годишниот гостиварец Ш.К, кој на свадбена веселба организирана во дворот од неговата куќа во населбата „Бањешница”, го нарушил јавниот ред и мир со пукање со пиротехнички средства.

Инаку судија на претходна постапка во Основиот суд во Гостивар одреди 48 часа притвор за лицето кое се сомничи за пукање со огнено оружје на свадба во гостиварско Чајле, при што беа повредени две жени.