Име Вести Македонија Јанева по распитот за „Рекет“: Не чувствувам вина и не знам каде...

Јанева по распитот за „Рекет“: Не чувствувам вина и не знам каде е Камчев (ВИДЕО)

0
93

Катица Јанева после распитот од нешто повеќе од четири часа во апелациониот суд во одделението за гонење на криминал и висока корупција за случајот „Рекет“, даде изјава пред медиумите.

Таа рече дека не чувствува вина за овој случај, и дека не знае каде е Орце Камчев. Јанева не сакаше да каже дали гласот на „бомбите“ за случајот „Рекет“ е нејзин, а за адвокатот рече дека го има тоа право да носи адвокат, не одговорајќи зошто го одбрала токму адвокатот Стеван Павлевски кој е бранител на осомничениот во случајот „Империја“ Цветан Панделески, случај кој е во рацете токму на Јанева.

.