Преку ангажирање на професионални агенции за обезбедување и чести полициски патроли, одделот за здравство предвидува превенција од инциденти во болниците, каде главно цел на напад се лекари и друг медицински персонал. Одлуката доаѓа откако министерот за здравство Филипче и министерот за внатрешни работи Спасовски се состанаа со претставници од Лекарската комора на која се разговараше за последните вакви инциденти.
Министерот нагласува дека последните два инцидента добиле епилог. Најновиот напад врз медицински персонал се случи во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, а пред тоа во тетовската болница еден лекар беше нападнат од две лица, па со тешки повреди заврши на Клиниката за неврохирургија во Скопје.