Ние како држава мораме да покажеме дека сакаме да ги заштитиме и семејствата во пониска класа што земаат помали плати“ посочи вицепремиерот Кочо Анѓушев за „Топ тема“.
„Во секоја земја е дефинирана минималната плата. Минатата недела имавме средби со стопанските комори.
– Засега се уште немаме дефинирано вредност. Следниот период ќе имаме интензивни средби на кои што ќе разговараме се со цел да се најде заедничко решение и тоа нема да биде избрзана одлука. Да бидеме искрени, едно семјество не може да живее со 200 евра месечни примања и двајца да работат. Во сите држави минималната плата е да ги заштити најранливите категории“ изјави Анѓушев.