Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села.

0
76

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот, Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.

Кире Георгиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.