(ВИДЕО) Мицкоски: Тука сум, апсете!

0
146

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот врз база на доказите. Од обвинителството велат- записниците од исказите со кои вчера се закануваше Мицкоски, не протекле од кај нив.

“Согласно закон повикување на „свиркач“ се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, во случајов се работи за предмет што е длабоко навлезен во истрагата од што се подразбира дека е нарушена тајноста на постапката, а со тоа е сторено кривично дело. Од извршените проверки е утврдено дека објавените записници и други докази посочени на вчерашната прес конференција не потекнуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството доколу утврди елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности.“- одговорија од ОЈО.

Мицкоски пак вели дека се уште не бил повикан од обвинителството да даде исказ, но очекува да го осудат и апсат. Пак се закани дека ако истрагата запне, тогаш тие ќе ги објават документите кои ги добиле од „свиркач“.

– „До овој момент немам добиено никаква покана од ОЈО,но во епицентарот на Заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така шти тука сум гонете обвинувајте апсете.“- изјави Мицкоски за ТВ24.

Смета дека не влијаел на истрагата за „Рекет“.

– „Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие докумнети, тогаш можеби би влијаеле на истрагата“. – изјави Мицкоски.

Според СДСМ пак поседувањето на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело. Обвинуваат дека Мицкоски ја поткопува истрагата за „Рекет“ и патот на земјава кон ЕУ и НАТО.

– „Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет. Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец“.- Коста Костадинов портпарол на СДСМ.

„Рекет“ пак неделава е на пауза со искази на лица кои можат да помогнат во истрагата. Првоосомничениот Боки 13-ка денска пак заврши во болница и е вратен во „Шутка“, трет пат откако е во притвор. Мерката притвор за Боки 13-ка и второосомничениот Зоки Кичеец важи до недела. Не се знае дали обвинителството ќе побара продолжување по трет пат. Од таму велат дека во моментов ги анализираат материјалните и вербалните докази. Во притвор од 21-ви минатиот месец е и специјалната обвинителка Катица Јанева