ВМРО-ДПМНЕ: Да имаше градежна офанзива граѓаните ќе ја видеа

0
46

 

На граѓаните им е доста од празните флоскули и лагите и манипулациите кои им ги сервира власта, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Горан Сугарески.

-Со каков раст се фали министерот Сугарески кога реализацијата на капиталните инвестиции за првата половина од 2019-та година е помалку од 20 проценти. Со ребалансот на буџетот власта скрати неверојатни 50 милиони евра кои беа наменети за реализација на капитални инвестиции.

За каква економска година говори министерот Сугарески кога повеќе од 60 проценти од македонските граѓани не можат да си дозволат да заминат на годишен одмор, а повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија. Доколку годинава беше економска и економијата блескаше како што знае да се пофали Заев, немаше во еден ден од Делчево да си заминат илјада жители во потрага по подобар живот надвор од Македонија.

Доколку оваа власт донесеше живот како што ветуваше, немаше повеќе од 80 проценти од младите да бараат начин како да си заминат од Македонија.

Да имаше градежна офанзива истата граѓаните ќе ја видoа.

Со пофалбите кои си ги упатуваат кон самите себе владините претставници не го подобруваат животот на граѓаните. Власта може колку сака да бега од соочување со граѓаните. За неработата, неспособноста и криминалот, граѓаните ќе го казнат СДСМ на следните парламентарни избори, се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ