Голем пожар во кичевско

0
72

Во атарот на село Колибари, Кичевско беснее голем шумски пожар. Месната заедница од селото излезе со апел до селаните особено младите да се приклучат во гаснењето на пожарот.

– Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола. Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претприатие „Лопушник”, преставници на Дирекцијата за заштита и спасување и преставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола – информира Дарко Гргоски од ППТЕ- Кичево.