Добредојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо”,

0
212

Добредојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо”, е една од пораките која денеска осамна на табла на влезот на градот. Преку поставување на табли низ целиот град, граѓанските активисти упатија повеќе пораки до локалната самоуправа и се пожалија како што велат за расфрланото ѓубре на сите страни, дупките на патиштата, сообраќајниот хаос, недостатокот на јавен презвоз и многу дргу проблеми со кои тетовчани секојдевно се соочуваат.


Со желба да повикаат на колективна одговорност за состојбата во која што се наоѓа градот, група активисти поставиле табли со следните пораки:

“Не ми е гајле каде се паркирам“; “Не ми е гајле каде фрлам ѓубре“; “Не ми е гајле што нема јавен превоз”; “Не ми е гајле што има дупки”. Кој е одговорен за овој хаос, граѓаните или локалната самоуправа?, прашуваат активистите.