Ексклузивно: Јанева дала овластување сите предмети од СЈО да се предадат на Јовески

0
195

Официјално, преку службите на истражниот затвор – Скопје, Катица Јанева доставила писмено известување и овластување на нејзините помошници, заменици во СЈО, во рок од три дена сметано од денеска, сите предмети од СЈО  да се предадат на републичкиот јавен обвинител Јовески, дознава Либертас.

Со тоа сите предмети заедно со целокупната документација и доказите кон предметите на СЈО да му бидат предадени во надлежност на Јовески.