Заев: Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои

0
78

Премиерот Зоран Заев по повод Денот на независноста напиша честитка на Твитер.

„На 8 септември 1991, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Радоста, среќата и убавината што ја преплавија нашата татковина, треба да ги паметиме секогаш. Нека е вечен #ДенНаНезависноста. Да живее Република Северна Македонија“, напиша Заев.