Законот за јазици повторно актуелен

0
134

И покрај тоа што Законот за јазиците е во фаза на спроведување, за него сè уште постојат разлики помеѓу политичките партии во земјава. Експерти на Венециската комисија денеска се сретнаа со партиски претставници за да ги слушнат нивните мислења околу овој закон, а потоа ќе излезат со свој експертски извештај. Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села рече дека до претставниците на Венециската комисија ја искажал својата загриженост за навредата која му се прави на албанскиот јазик, нарекувајќи го како „јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните“. Села додаде дека остануваат на ставот банкнотите и униформите исто така да бидат двојазични.

„Воглавно забелешките се однесуваат на дефиницијата за албанскиот јазик. Ние како политички субјект настојуваме повторно со уставните измени да нема навредливи дефиниции за албанскиот јазик зашто не може да има јазик кој го зборуваат над или под 20%, бидејќи така добива форма на привремено право. Овој јазик е јазикот што го зборуваат Албанците и тоа е албанскиот јазик. Тоа треба да се регулира со Устав- рече Зијадин Села- претседател на Алијанса за Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ и понатаму имаат забелешки за начинот на кој беше донесен Законот за јазиците.

Од владејачките партии наведоа дека законот бил неопходен и оти бил донесен почитувајќи ги сите постапки. Во случај на евентуални препораки од Венецијанската комисија, владејачките партии велат дека ќе ги вметнат во постоечкиот закон.

„Колку порамноправни се граѓаните во една држава, толку полојални се кон државата. Побарав мислење од Венециската комисија во врска со членот 8, точката која се однесува на употребата на албанскиот јазик на банкнотите и на униформите бидејќи нашиот политички договор на коалицијата беше само овој дел од  законот да се прати пред Венецијанската комисија за мислење- рече Артан Груби- пратеник на ДУИ.

Најспорните делови во законот остануваат банкнотите и униформите на полицијата. Токму поради нив Владата побара мислење од Венецијанската комисија за да се испита уставноста на законот.

Извор Алсат