Минималната плата да изнесува 16 илјади денари, бара Конфедерацијата на слободни синдикати. Со секое покачување на минималецот, да растат и платите на сите вработени, како и на оние во јавниот сектор.
Имајќи ги параметрите на просечна плата која изнесува нешто над 25 000 денари, потрошувачката кошница која изнесува 32 653 денари, како и Европската директива за минимална плата, која треба да биде минимум 60% од просечната плата во државата, имајќи ги предвид причините за кои е воведена минималната плата, а тоа е пристоен и достоинствен живот на сите работници и имајќи во предвид дека едно четиричлено семејство со две минимални плати треба да ја достигне потрошувачката кошница и ветувањето на Владата од 2015 и 2016 година, КСС бара да се почитуваат работниците како во секоја демократска земја и минималната плата да изнесува 16 000 денари, наведува КСС во денешното соопштение.