Полицијата спровела голема акција за пронаоѓање на дрога во речиси целата земја- претреси биле извршени на 54 локации во дури 24 градови.
Но колку дрога е запленета од МВР велат дека сеуште не знаат. одземените наркотици се испратени на вештачење. нема ниту информација дали во обемната рација биле приведени осомничени за продажба на дрога.
Од МВР велат дека со интензивни активности за пронаоѓање на уличните дилери ќе продолжат и во периодот што следи.
Во изминативе два месеци полицијата запленила околу 22 кг.марихуана, 545 стебла од марихуана, семки од канабис, кокаин, 1.880 мл.метадон, околу 200 парчиња таблетии други супстанци. 36 лица заработиле кривични пријави, а 18 се приведени.