”Мексиканци oд љубов кон тимот Вардар, основале свој ракометен тим под истото име во Мексико“

0
185

Инспирирани од љубовта кон нашиот РК Вардар, во Мексико во 2017 година е основан аматерскиот тим Вардар Мексико (Vardar MX).

Случајно наидовме на нивната Фејсбук страница и направивме кратко интервју со луѓето кои стојат зад фан клубот на Вардар и Вардар Мексико. Хосе Мата, Алексиа Флорес и Хиларио Медрано се најстраствените фанови на Вардар.

-Вардар стана познат во Мексико откако ја освоија титулата во Лигата на Шампионите во 2017-та година. Од тогаш започна и нашата љубов кон тимот и веќе 2 години сме негови најголеми поддржувачи.Тимот на Вардар Мексико е дел од аматерската лига наречена “Liga Regiomontana de Balonmano”. Всушност денес (26 септември) е 2 години од основањето.Во 2017 година бевме шампиони во втората дивизија. Ова е регионална лига во Северно Мексико (Монтереј). Има повеќе шампионати од овој тип низ целата земја, изјавија од Вардар Мексико

Извор Шило