Милошоски: Убавата Елвана ќе добие 11.000 евра од КИЦ за 45 минутен настап

0
169

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, бара оставка од директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ, која, како што вели, лесно троши буџетски пари од Министерството за култура и од Град Скопје.

„Па така за манифестацијата “Звуци на чаршијата” ќе исплати хонорари од
11.000€ без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап
4.000 ЕВРА, без ДДВ, за Дафи Зеќири
Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ
Или Лимани – 2.500 ЕВРА, без ДДВ.
Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!
А би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните, на пример малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето “7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!
Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби И личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!“, пишува Милошоски на Фејсбук.