Име Вести Македонија Мицкоски: 8-ми септември е на Македонија и тоа не треба никој да...

Мицкоски: 8-ми септември е на Македонија и тоа не треба никој да го заборави, без разлика од која политичка партија доаѓа

0
175

8-ми септември не е почетокот, туку продолжението на една славна борба, борба за слобода. 8-ми септември се идеалите и на Гоце, на Питу, на Даме, на Ѓорче. Тоа е и пркоста на Александров, но и љубовта на Прличев и Мисирков. Тоа е преданоста на Шатев и Панко, на Ченто, но и сонот на Драган Богдановски. 8-ми септември е на Македонија. И тоа не треба никој да го заборави, без разлика на која политичка партија доаѓа, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук, по завршувањето на Свечена академија по повод 8-ми септември во ОК Гази Баба.

-Сите овие имаа сон, а генерациите после 8-ми септември имаме обврска да го оствариме тој сон. И затоа не е сеедно, и затоа боли, боли до срцето кога гледаме што и прават на нашата татковина. Затоа не чека тежок и пеколен пат со многу работа, за да ја обновиме татковината која ни ја запустија. Да ги обединиме сите под знамето на Република Македонија и со бајракот на ВМРО-ДПМНЕ.