МОТОРЏИЈА ПРЕГАЗИ ЧЕТВОРИЦА ПЕШАЦИ НА ИЛИНДЕНСКА ВО СКОПЈЕ

50-годишна жена се бори за живот на Карил, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на Карил, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на Илинденска во близина на гимназијата „Орце Николов“.

-50-годишната жена е примена во критична состојба со повреди на главата, рбетот и градниот кош, а потоа пренесена на Карил. Нејзината мајка има крвавење на главата. другите двајца пешаци се лекуваат во болницата „Св. Наум охридски“, велат од болницата 8 Септември

Според првични информации, станува збор за 38-годишник моторџија кој бил донесен на ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување. Од полицијата најавија повеќе детали за сообраќајната несреќа во текот на денот.