Одбележување на Светскиот ден на борба против беснило

0
152

Под мотото „Беснилото завршува овде” денеска кај Школката во Градски парк ќе се одржи промотивно – едукативниот настан за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило – 28 Септември.

На настанот ќе присуствува директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и стручни лица од Агенцијата, од Факултетот за ветеринарна медицина и претставници од ветеринарните друштва и веледрогериите, кои ќе даваат совети за здравствена заштита и исхрана на домашните миленици, со акцент на почитување на законската обврска за вакцинација на милениците против беснило и нивно идентификување и обележување со микрочип.

Најмладите, ќе творат во детското ликовно катче, а децата кои имаат миленици ќе можат да земат учество во Шоуто за домашни миленици.

Неделава, стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина одржаа едукативен час за одговорно сопствеништво и опасноста и борбата против болеста беснило за стотина дечиња од детската градинка „Чекорче“ и за дел од петтодделенците од Основното училиште „Браќа Миладиновци”.