Папата задоцни на миса, се заглавил во лифт

0
134

Папата Франциск изјави дека 25 минути денеска бил заглавен во еден од ватиканските лифтови, поради што морале да интервенираат пожарникарите. Поради дефект на лифтот, папата задоцнил на попладневното обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар, по што им се извини на собраните.

  • Драги браќа и сестри, добро утро. прво да ви се извинам што доцнам, но се случи несреќа. Бев заглавен во лифт 25 минути. Во лифтот снема струја и тој престана да функционира. Фала му на Бога, дојдоа пожарникарите. Многу им благодарам, и по 25 минути работи тие успеаа да го поправат. Аплауз за пожарникарите!