Доктор нападна пациент во Клиничката болница во Тетово, полицијата регистрира уште два физички напади

0
91

 

Утринава во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Трговски центар на улица „Илинденска“ во Гостивар, во угостителски објект дошол 28 годишник од гостиварско Дебреше заедно со уште едно непознато лице. Во еден момент тој скршил шише по што од сопственикот било побарано истиот да го напушти објектот.По краток временски период, според пријавеното, тој се вратил и пред угостителскиот објект почнала расправија и физичка пресметка, при што, според пријавеното, на 28 годишникот му била нанесена повреда со остар предмет.Сопственикот и уште едно лице од Гостивар лишени се од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.00 часот во СВР Тетово 67 годишник од Брвеница пријавил дека истиот ден околу 17.30 часот додека бил на преглед во Клиничката болница во Тетово бил физички нападнат од лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 16,10 часот во СВР Тетово две лица на возраст од 20 и 28 години и двајцата од Тетово пријавиле дека истиот ден околу 15,50 часот на улица ,,146’’ биле физички нападнати од четири лица сите од Тетово и истите по настанот биле приведени во Полициска станица Тетово. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.