Превртен автобус кај Кочани, две лица задржани во болница

0
48

Автобус на компанијата „Авто атом“ вчера се преврте на влезот на Кочани во близина на хотелот „Национал“ и заврши во отворот покрај железничката пруга. Според првичните информации, повредени се седум лица кои инто биле префрлени во Општата болница во Кочани.

Поради посериозни повреди, две жени се задржани на лекување во Општата болница, додека останатите пет лица се пуштени на домашно лекување. Состојбата на повредените е стабилна.

Шоферот на автобусот, кој возел на релација Штип-Кочани, наводно се обидел да избегне возило кое му го попречувало патот, но поради влажниот коловоз, излетал од патот.

Направен е увид, по што се очекуваат подетални информации за причините и околностите поради кои дошло до превртувањето на автобусот