Специјалната обвинителка Катица Јанева со ново писмо од затвор го извести Советот на јавни обвинители дека ја активира условната оставка која ја поднесе на 15 јули.
Оставката, напишана рачно, доаѓа во ист ден кога таа едногласно беше разрешена.
Собранието сепак ќе мора да гласа за нејзиното разрешување поради процедурата пропишана во согласност со законот.