Со основно образовение и без ден искуство, Мифтари раководел со возниот парк на Дурмо турс

0
50

Со основно образование и без ниту ден обука. Ова е профилот на човекот што раководел со возниот парк на Дурмо турс, компанијата во чија соственост е автобусот од кобната несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 патници. Ремзи Мифтари лично наложил да се вградат уреди за лажирање на брзината, а ги активирале со прекинувач. По трагедијата, превозникот, кај два автобуси ги отстранил уредите. Раскажа обвинителот Дарко Јакимовски во воведните зборови  на денешното рочиште за Ласкарци.

„За да избегнат казна во тахографот биле вградени, сокриени посебни електрични инсталации, кои оневозможувале реално отчитување на тахографските ленти. Во секое време ,возачите со активирање на прекинувачот ја манипулирале брзината која што се отчитува“, рече обвинителот Дарко Јакимовски.

Иако, неисправни, автобусите, секогаш, без иклучок ги поминувале техничките прегледи. Оној од несреќата кај Ласкарци, кој воопшто не требало да влезе во сообраќај, пред да се случи трагедијата, 16 дена по ред возел без регистрација. Кобниот ден, возачот не бил под дејство на алкохол, лекови или други супстанци, ниту пак користел телефон кој би можел да му го одземе вниманието. Обвинителот потецираше и дека, воланот го држел со двете раце и фокусирано следел што се случува, но ништо не презел. Неколку миниту пред трагедијата, во автобусот настапила агонија, се слушале пискотници и плач.

Покрај Ремзи Мифтари, за несреќата се осомничени и сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули и возачот Маноил Трифуновски. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. И тројцата, се гонат за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Извор Телма