Државата која ја предводат воени злосторници не би требала да биде во заедница со демократските држави“, изјави чешкиот претседател Милош Земан и најави можно повлекување на одлуката за признавање на Косово.
„Не сум диктатор“, изјави Земан на прес-конференцијата после средбата во „четири очи“ со српскиот претседател Александар Вучиќ, на прашањето дали Србија може да очекува некоја земја од Европската унија да ја ревидира својата позиција за независноста на Косово. Земан додаде дека тоа прашање може да се постави на советувањето на уставните претставници во Прага.