Шар Планина наскоро ќе биде прогласена за Национален парк

0
49

Шар Планина наскоро ќе биде прогласена за Национален парк, ветија централните и градските власти, кои денеска на месноста Сидол пред меѓународни преставници, Шара ја преставија како европска еколошка вредност. Во завршна фаза е изработката на физибилити студија, па потоа постапката за прогласување треба да влезе во владина и собраниска процедура.

Ветувања дека Шара наскоро ќе се прогласи за Национален парк речиси секоја година даваат властите. Последното беше на поранешниот министер за животна средина Садула Дураку.

Тој уште во 2018 година рече дека на почетокот од 2019, планината ќе се прогласи за заштитено подрачје.

Во меѓувреме додека постапката тапка во место, планината се уништува од дивоградби кои никнуваат на секој  чекор.

Првиот човек на општина Тетово Теута Арифи, вели дека ќе бара решение дел од дивоградбите согласно законот за нивна легализација да се вметнат во новиот генерален урбанистички план кој се подготвува, а  останатите ќе се урнат.

Еколошките друштва веалт дека Шара со своите вредности ќе се уништува, се додека истата не се прогласи за заштитено подрачје

Шар Планина на страната на Косово  прогласена е за национален парк пред 30 години. Ако се заштити и на македонската страна овој планински предел би преставувал најголем заштитен појас во Југоисточна Европа.

Извор Телма