Јанева разрешена и од функцијата во ОЈО Гевгелија

Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука со која ѝ се одзема правото на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, по завршувањето на мандатот на СЈО да се врати во гевгелиското обвинителство.

-Со тоа што е определено дека е ставено вон сила решението со кое и мирува функцијата како јавен обвинител во ОЈО Гевгелија, фактички и веќе не може да ја обавува функцијата како јавен обвинител“, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.