СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што платите растат, а парите завршуваат кај граѓаните

0
131

Христијан Мицкоски денеска повторно покажа дека е против порастот на платите во сите сектори, вклучително и во приватниот.

Научени само да грабаат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите сега завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец и кај тајкуните на режимот.

Мицкоски треба уште да учи економија и да не ја чита само книгата на неговиот ментор Груевски.

Платите пораснаа за над 2 илјади денари во изминатите 2 години и ќе продолжат да растат, тоа се економските политики на СДСМ кои даваат реален резултат. СДСМ испорачува резултати, а ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, нема идеја ниту програма.

 

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ ги остави граѓаните и фирмите во долгови и сиромаштија, а економијата во минус од 1,8 отсто. Денес растот на БДП изнесува рекордни 4,1 отсто!

 

За само една година, странските директни инвестиции пораснаа за 260 отсто, односно од 205 милиони во 2017 година на 737 милиони долари во 2018 година. Тоа е јасно наведено во „Извештајот за инвестициите во светот 2019″ на  Конференцијата на ОН.

Без скапи кампањи, без рекламни роуд шоуа на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше милиони евра, денес, реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4.800 вработувања.

Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија финансиска поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.

Покрај инвестициите растат и платите, а позитивната економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто. За две години реализирани се 49.552 вработувања, доминантно во приватниот сектор.

Преку бројни мерки како растот на социјалната помош, повратот на 15 отсто од ДДВ, зелената нафта, укинувањето на радиодифузната такса, намалување на сметките за парно, се повеќе завршуваат назад кај граѓаните.

Тоа е концепт што е несфатлив за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се научени само на земање.

СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безидејноста, одбраната на криминал и деструктивно однесување.

Затоа СДСМ води во анкетите, политиките за враќање на парите назад кај граѓание имаат најсилна поддршка.

Центар за комуникации со јавноста – СДСМ