Почина Бен Али, поранешниот претседател на Тунис

0
50
Поранешниот претседател на Тунис, Зине ек Абидине Бен Али вчера почина на 83 години, соопшти неговиот адвокат.
– Бен Али кој живееше во егзил во Саудиска Арабија почина во Џеда, а неговото тело ќе биде префрлено во Мека, каде ќе ја чека одлуката на семејството за погребот, изјави адвокатот Мунир бен Салах.
Бен Али беше болен од рак на простата, а минатата недела беше примен во болница.
Тој беше сменет од власт во 2011 година во крвавите протести кои го означија почетокот на Арапската пролет. Бен Али 23 години раководеше со Тунис, а во повеќе наврати беше осудуван за корупција.