Австралијанец си направил сопствен „Терминатор“

Австралијанецот Џејми Стаф потрошил четири години бавејќи се со својот проект- изработка на реплика на филмскиот Терминатор Т-800 во природна големина.

Скелетот е изработен од рециклиран алуминиум, тежок е преку 130 килограми и составен е од преку 500 делови меѓу кои и 230 подвижни коски и зглобови. Конструкцијата ја држат 280 шрафови. Забите на „Терминаторот“ се изработени од акрил.

За инспирација, секако послужиле филмовите „Терминатор“ 1 и 2, но оваа реплика не е потполно верна на филмскиот „Терминатор“. Деловите се комбинирани од „Тетминаторот“ во двата филма и секако тука е и имагинацијата на самиот автор.