Албански медиуми: Посетата на Пендаровски на Тирана – потврда на одличните билатерални односи

0
151

Посетата на македонскиот претседател Стево ендаровски на Тирана ги повтрди одличните билатерални односи на РС Македонија и Албанија и нивниот ист пат за интегрирање во структурите на ЕУ.

Оваа оценка ја изнесуваат албанските медиуми по посетата на Пендарвски на Албанија и неговата средба со неговиот домакин шефот на албанската држава Илир Мета , но и другите високи преставници на власта на Албанија .

Успешната посета на македонскиот претседател е повтрдена со давањето на Пендаровски на признанието ,, Клучот на градот Тирана ,, , оценува весникот ,,Шќиптарја,, . Самиот факт што градоначалникот на Тирана Ерион Велијај донесе таква одлука говори дека претседателот на РС Македонија е голем пријател на Албанија . Истиот весник потенцира дека македомскиот претседател нагласил дека е преетседател на една мултиетничка држава .

Весникот ,,Дита,, нагласува дека претседателот Пендаровски за време на неговата посета на Тирана потврдил дека ставовите на Скопје и Тирана за продолжување на реформите за интегрирање во ЕУ се идентични.,,Нема друг пат освен интегрирање во ЕУ и тоа за двете дрѓави,, . Весникот ,,Шекулли,, оценува дека двата соседи имаат конструктивни односи и тиа се продлабочуваат . Притоа особено се цитира изјавата на Пендаровски кој вели дека ,, Во мојот речник никошаш не било кажано дека во интеграциите РС Македонија и Албанија треба да се поделени, бидејки нивниот пат е заеднички во ЕУ,,.

Медиумите во Тирана исто така оценуваат дека албанскиот претседател Илир Мета посетата на македомнскиот претседател ја искористил и за собирање на политичлки посени. Весникот ,,Коха јоне ,, потенцира дека по средбата со Пендаровски –албанскиот претседател Мета , истакнал дека одлуката на премиерот на РС Македонија Зоран Заев за предвремени избори покажува висока политичка култура која треба да се примени и во Албанија, бидејки и Албанија не доби датум за полеток на преговори. Весникот оценува дека Мета индиректно овие зборови ги адресирал на албанскиот премиер Еди Рама .

И електронските медиуми посетата на Пендаровски на Албанија ја оценуваат како мошне усшешна . Истите извори нагласуваат дека РС Македонија и Албанија имаат ист пат, а тоа е ЕУ. Добро е тоа што има коректност во однос на позициите што тие ги градат на патот кон Брисел. Во Албанија на односите со РС Македонија се глада како односи кои се мошне битни за билатералната и регионалната соработка . Медиумите без разлика дали тие се блиски на власта или опозицијата , посетата на македонскиот претседател ја оценуваат како мошне успешна за понатамошните односи на Скопје и Тирана .