Апостолова: Изборите се значаен ден за демократијата во Косово

0
208

Шефицата на мисијата на Европската унија во Косово Наталија Апостолова ги повика попладнево граѓаните на Косово да излезат и да гласаат за вонредните парламентарни избори во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Апостолова во своето обраќање до косовските гласачи нагласи дека денешниот ден е исклучително значаен за земјата и изрази задоволство што досегашниот процес на гласање поминува мирно и согласно изборните правила.