Артан Груби: Во ДУИ и за пет евра се понесува одговорност

По оставката на заменик министер за здравство, Асим Муса, кој во емисијата „Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта, објави ИРЛ.мк.

„Во ДУИ денеска докажавме дека не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон Чанта, ќе се понесе одговорност во ДУИ и ние не сме како другите. Ги повикуваме медиумите да пријават секакви злоупотреби на функцијата и сме партнери на невладините организации и медиумите и сите институции во градење на општество во кое нема селективна правда“, вели Груби