Ахмети: Нека победи најдобриот

0
49

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на лидерската средба рече дека состанокот поминал конструктивно, со едногласна одлука за продолжување на евроатлантскиот курс на земјава.

„Можам да кажам дека ова е најконструктивниот состанок што сум го имал досега. Сите политички партии се согласија дека нашата единствена алтернатива е Европската Унија. Разговаравме и дека е важно да заврши ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО и да се донесе законот за одбрана“, рече Ахмети.

Во однос на предвремените избори, лидерот на Алтернативците рече дека е важно тие да бидат фер и демократски, според сите стандарди.

„Нека победи најдобриот “- рече Ахмети