Ахмети: Нема сила што може да не победи, ние сме унија на идеалите

0
77

Датумот кога ќе се оддржат следните избори – 12 април 2020 година, го гледам како голема победа на Демократската Унија за Интеграција, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во Боговиње, каде ДУИ ја избра Сахиде Бајрами за претседателка на партискиот огранок.

-Со една ваква унија, нема сила што може да не победи, бидејќи како прво имаме воспоставена мисија, идеали, а сега и функции. Нема функција без мисија, нема можности да се постигне целта ако ги губиш идеалите. Ние сме Унија на идеалите, на мисиите и мисиите треба да одат напред. Не само затоа што ова е наше семејство, но кажете ми една партија или движење која има придонесено во ова земја повеќе од нашето семејство – рече Ахмети.

Тој додаде дека недобивањето на датумот за започнување на преговорите за членство во Европската Унија е осудено од самите авторитети од Брисел.

-Ние остануваме посветени и оваа одлука не ја сметаме како неуспех, туку како мотивација повеќе да бидеме уште посилни во насока на владеењето на правотото, во насока на барањето на построг ветинг во земјата во областа на судтсвото, полицијата, војската, владата, градоначалниците, сите овие да поминат низ филтерот на ветинг за да имаме поголема транспаренстност во земјата. Овие дејствија не доближуваат до Европската Унија – изјави лидерот на ДУИ.