Богоев: Во изминативе 2 години, јас и мојот тим целосно се вложивме за нашиот Карпош

0
58

„Дали можевме повеќе и подобро? Веројатно. Но, со чист образ кажувам дека јас и мојот тим, во изминативе 2 години целосно се вложивме за нашиот Карпош“, напиша на својот фејсбук-профил градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев по повод две години откако ја презеде функцијата.

„Наместо оправдувања за наследените долгови, ги приоретизиравме работите, ставајќи акцент на заштита на животната средина, подобрување на условите во градинките и училиштата и кратење на непродуктивните трошоци“, посочува Богоев.