Боки 13: Мора да преживеам за да ја кажам вистината за Рекет

0
155

Осомничениот Бојан Јовановски бара да остане жив за да може на суд да каже се што знае за случајот рекет. Пред судиите од апелациониот суд до детал опишуваше какво му е здравјето. Вели дека психички е добар но физички не. Направил две операции на желудникот за кои тврди дека се лекарска грешка. Сега морало да лежи в болница а не во притвор.

Пресечен ми е нерв на желудникот и при тоа повреден хранопроводот. И додека стојам тука пред вас имам огански проблеми. А треба да сум жив и здрав а не мртов. Живеам за да ја докажам вистината за случајот, да ги кажам целосно сите сознанија кои ги имам со факти и докази и во една фер судска постапка да ја докажам мојата невионост, рече Бојан Јовановски, осомничен во Рекет.
Неговиот адвокат тврдеше дека Боки 13 секој втор ден се носи на торакална поради тоа што не може да јаде и повраќа. Смета дека поевтино би било тој да е хоспитализиран отколку нон стоп од шутка да се носи на клиниките. Во меѓувреме не ја исклучува можноста од спогодба со обвинителството, но до сега тоа јовановски не го побарал. За тоа какви сознанија има Боки 13 за рекетот вели дека може да се и поопшитни од тоа што го знае обвинителката Русковска.

Според обвинителството пак сепак Боки 13 треба да остане во притвор. Не е вработен, нема создадено семејство, на негово име нема недвижнсоти а и често патува, па според обвинителството би можел да побегне. Тој пак тврдеше дека не би бегал, за денот кога беше уапсен одел на уплатен годишен одмор во грција не планирал бегство а како доказ за тоа има и авионска карта за назад. Инаку тој во притвор е од 15 ти јули како првоосомничен во аферата рекет. Третоосомничената Катица Јанева е исто така во истѕражниот затвор додека второосомничениот Зоран Милевски Кичеец се брани од домашен притвор.