Боки 13 пак во болница

0
150

Боjан Јовановски денеска итно е хоспитализиран во градската болница „8 – ми Септември“. Се пожалил на болки во желудникот, велат од затворот Шутка.

Неговиот адвокат јавно замоли тој да излезе од притвор и затворскиот крвет да го замени со болнички, бидејќи тој имал сериозно нарушено здравје, по неуспешната операција за намалување на желудникот.

Јовановски веќе три месеци е во притвор во Шутка, како прво осомничен за изнуда на над еден милион евра од бизнисменот Орце Камчев. Освен него осомничена е и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева како и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец.