БУГАРИЈА ЌЕ ГО ПОДДРЖИ ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, НЕ СЕ ОЧЕКУВА ФРАНЦИЈА ДА БИДЕ ПРЕЧКА

0
49

Идентитетот не е прашање за кое што се преговара во 21 век. Бугарија и Грција треба да бидат авангардата во поддршката на добивањето на преговори со Европската унија, а Франција е таа која што во делот на меѓусебните преговори може да ги врати назад кога државите нема да успеат во дијалогот вели премиерот Зоран Заев, појаснувајќи дека верува во Франција дека нема да биде пречка за донесување на одлуката за почеток на преговори со ЕУ.

Од друга страна, Франција е таа која пто деновиве сака да наметне нови техникалии во преговорите на земјава кон членството во ЕУ, а ставот на Франција ќе се знае  најверојатно на министерскиот состанок на 15 месецов или за време на Самитот на ЕУ каде што последниот збор ќе го има претседателот Еманул Макрон. Денеска пак францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние побара да се почитуваат принципите.