Бугарски интелектуалци со петиција бараат повлекување на условите за Македонија

0
63

Софија промовира потценувачки однос кон официјално Скопје и го враќа јазикот на национал-комунизмот, смета група македонски и бугарски интелектуалци кои најавуваат дека со петиција ќе се борат против декларацијата на Бугарија во врска со македонските евроинтеграции.

„Не можеме да не констатираме дека целокупниот тон на таканаречената Рамковна позиција за Република Македонија е недозволива. Во неа се содржани голем број вознемирувачки и проблематични барања. Во прашање е, во ова неколку пати и како црвена нишка, однапред и тешко да се научи од научна перспектива, контроверзно фундаментално разбирање на ” нашата заедничка историја до 1944 година, во неколку наврати се смета за историја на само еден народ -“Бугарскиот народ”. Во пракса, македонската земја инсистира да ја препише претходната бугарска историја до оваа година“ – стои во петицијата во која се додава дека двете соседни земји се еднакви потомци на стара култура и цивилизација и се осудува честото користење на теминот „кражба на историјата“

Групата интелектуалци меѓу кои е и поранешниот министер за одбрана на Бугарија Николај Ненчев, европратеникот Радан Канев и голем број на историчари, новинари, свештенци и адвокати сметаат дека двете земји треба да се насочат кон развојот на соработката и даваат поддршка на мешовитата група која работи на ревизија на историјата и учебниците.

Реакциите се резултат на усвоената декларација на Бугарската влада во која поддршката за старт на преговорите за земјава, ја услови со серија барања. Меѓу нив, официјална Софија побара Македонија да се откаже од македонскиот јазик во рамките на Европската Унија бидејќи како што стои во декларацијата, станува збор за јазик кој е дел од бугарските дијалекти.
Покрај ова, бугарската влада бара Македонија целосно да се откаже од поддршката и барањата за признавање на македонското малцинство во Бугарија и од своите споменици да ги отстрани сите натписи кои потсетуваат на тоа дека Бугарија била на страната на фашистичкиот окупатор во периодот на втората светска војна. Дополнително на ова, официјална Софија очекува и брз договор на мешовитата комисија која работи на утврдување на текстовите во учебниците по историја кои во иднина ќе се користат во училиштата.